МЛАДИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ВАСИЛЕВО СО ПАРОДИЈА ЗА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ, УЛИЦИТЕ ГИ ОСВЕТЛИЈА СО ФЕНЕРИ!

јануари 12, 2021

УМС ВМРО-ДПМНЕ ВАСИЛЕВО:

Пародија на УМС ВМРО-ДПМНЕ Василево:

Улично осветлување во Василево!

Членови на УМС ВМРО-ДПМНЕ Василево преку пародија укажаа на неажурноста на локалната самоуправа и Градоначалникот Марјан Јанев во одржувањето на јавното осветлување. Обврска на општина Василево е одржување на јавното осветлување , за кое всушност плаќаат сите граѓани .

Младите од Василево сами ги осветлија улиците со импровизација на фенери. Неколку улици во населеното место Василево повеќе од еден месец немаат улично осветлување и покрај тоа што поголем дел од населението ги плаќа редовно своите обврски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: