strumica denes logo

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: РАЗГОВАРАВ СО ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВЕНИЈА, ПОБАРАВ ДА ИСПРАТИ ТИМ ОД ДОКТОРИ ЕКСПЕРТИ ОД СЛОВЕНИЈА КОИ ЌЕ ПОМОГНАТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

јуни 12, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јуни 12, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

Македонија во овие тешки времиња има пријатели и подадена рака.

Остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и претседател на сестринската партија СДС г. Janez Janša со кого разговарав за актуелната здравствена и политичка состојба.

Ја пренесов мојата загриженост за сериозноста на состојбата со корона заразата и со растечкиот тренд на новозаразени и починати што Република Македонија ја става на убедливо на првото место по број на заразени и починати по глава на жител во состојба кога таа бројка во регионот драстично опаѓа. Во исто време ја истакнав и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал кој е непосредно во првата линија на борба против короната и надчовечките напори кои тие ги даваат, наспроти сериозните недостатоци во креирањето на мерки и начинот на нивното спроведување.

Разговаравме за словенечките искуства во справувањето со корона кризата, и фактот што Словенија беше првата европска држава која прогласи победа над вирусот. Токму затоа побарав од премиерот Јанша да испрати тим од доктори и експерти од Словенија кои ќе дојдат во Македонија и ќе помогнат во пренесување на своите искуства и знаења во надминување на корона кризата. Премиерот Јанша веднаш се согласи да испрати помош доколку за тоа постои волја кај македонските здравствени власти, тим на врвни доктори кои ќе ни помогнат во справување на состојбите.

Во таа насока остварив и разговор со министерот за здравство Венко Филипче кој го запознав со идејата и подготвеноста на премиерот Јанша да помогне. Тој ја прифати идејата и изрази уверување дека ќе обезбеди комуникација со словенечкото министерство за здравство за реализација на хуманата идеја.

Благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја. Ќе продолжам во рамките на моите сили и можности да се борбам за заштита на здравјето на нашите граѓани и справување на комплицираната здравствена состојба.

Апелирам до владата да ги искористи своите контакти и позиции и да доведе меѓународна помош која е добредојдена во овие моменти. Бројките се поразителни и укажуваат на тоа дека ни е потребна итна помош. Колку побрзо го признаеме тоа, толку повеќе ќе спасиме животи.