Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција даде свој став за идните чекори кои ќе ги има ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани сограѓани, нашата земја како и многупати досега се соочува со дилема и се наоѓа пред раскрсница, ова е важно од повеќе аспекти.
Од почетокот кога стана збор за одложување на изброите, главната моја грижа е заштитата на здравјето на граѓаните. Сигурно на Зоран Заев не му е грижа, но има нешто што се вика совест, а јас не сакам да бидам премиер знаејќи дека луѓе ги загубиле животите.
Но свесен сум дека на оваа раскрсница Македонија има многу погрешни и еден правилен избор.
Короната ќе ја победиме заедно, за да дојдеме до тоа, мора да ги победиме на избори. Мора да се внимава на времето кога изборите ќе се одржат. За вакви крупни прашања не може да има договор преку препукувања низ медиуми. Сакам фер гласање и фер избори, додека на ова раководство на СДСМ не им е битно тоа. Сакаат уплашен народ од вирусот. Се плашат да не им се случи народ.
Сигурно многумина од вас се прашуваат што значи ова со одлагање на изборите. Од наша страна е најважно како да предложиме нов протокол за здравјето на граѓаните.
СДСМ сакаше избори на 7-ми јуни, па 14-ти и 21-ви јуни, сега гледаме сакаат на 5-ти јули, а гледам дека опција им било и 8-ми јули. Денес на овој ден требаше да има избори, но ќе потсетам ние го имавме најцрниот ден од корона вирусот. Речиси 200 заразени и 8 починати. Ќе имавме избори во вториот пик.
Потребно е присуство на ОБСЕ и ОДИХР како набљудувачи на изборите, како и прочистен избирачки список. Колку за споредба, дури и во Белорусија мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се наоѓа во државата. Ама кај нас СДСМ не сака така.
Ако кажеме уште сега не сакаме консензус на избори и ќе продолжи кражбата на вашите пари. Оние нечовечки рекети. Ние ќе победиме на локалните избори кои се за една година од сега, но државата ќе биде во хаос, економски колапс и социјални немири. Дури можеби ќе ја немаме оваа држава на која ние се сеќаваме.
Се согласувам со Пендаровски, на Македонија и претстои и политичка криза. Сакаат мала излезеност, мислат дека тоа е сламката за спас да избегаат од поразот.
Сите ризични групи во однос од корона вирусот, ќе мора да гласаат од дома. Да најдеме начин да ги заштитиме.
Пендаровски до крајот на денот има време да ја продолжи вонредната состојба. ВМРО-ДПМНЕ има два услови: Да изработиме протоколи со кои ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втора работа, да имаме фер и демократки избори. Првиот ден кога ОБСЕ и ОДИХР ќе одржат прес-конференција во државата, веќе следниот ден, нека започне политичката кампања.
Последната порака е до СДСМ и Зоран Заев: Ќе ве победиме, кога и да се случат изборите – ќе ве победиме. Според наши пресметки, средината на јули е најдобра опција за избори. За ВМРО-ДПМНЕ 5-ти јули не е опција.