Димса Арсовски:
Признавам, бујна фантазија имаат изгубениве од СДСМ 🤣
Прочитав интересна приказна на мактел, кај оној новинарски бард близок до Заев, мислам “Поликлинико” или “Политико” го викаа и просто не можев да се изнасмеам што се имаше пишано 🤣
Да разјасниме веднаш, се е измислица и лажна вест 🙂
Имено, да, точно е, уредно бевме легитимирани со мојата девојка од полициски службеници на излез од Струмица и уредно доставивме документација која овозможува движење во полициски час заради професионални потреби.
Полициските службеници беа фини морам да признаам, најљубезно и уредно откако заврши процедурата се отпоздравивме како културни граѓани и продолживме накај Скопје. Следната полициска патрола која не пречека беше кај Штип, при што имаше едно дрско момче во полициска облека, гарантирам член на СДСМ, кое почна без никаква причина да ми го претресува возилото. Јас бев културен, дури и ми побара да отворам куферче мало со облека да видел што има 😁
Додека ѕвонеше кај неговите партиски шефови, дојде негов колега, кој го пратиле да ме праша кој сум, па грешно му јавиле, дојде ме праша дали сум портпарол на МВР 😁
Го прашав дали од Струмица му јавиле да му кажат да ме пречекаат, ми одговори потврдно, дека им е јавено од Струмица, при што му се насмеав и му кажав дека грешно разбрал, не сум портпарол на МВР, туку на ВМРО-ДПМНЕ 😁 Видоа – не видоа и оваа патрола немаше причина да ме задржи бидејќи уредно ги поседував сите легитимации и ме пуштија да си одам. Се на се, не се криви патролите, иако и во нив има партиски послушници и членови на СДСМ кои мора да одработат за партијата.
Поентата ми е следна, според информациите, денеска во текот на целиот ден сум следен од параполициските структури на СДСМ. Така настанала и оваа измислица која преку Заеви и Костадинче стигнала до оној порно сајт, а така и ме пречекаа да ме претресуваат без причина кај Штип.
И нормално, јас бидејќи сум еднаков како и секој граѓанин на Република Македонија, уредно постапував за се што ми побараа полицискиве патроли, документација, претрес итн.
За нивна жал, не им успеа оваа удбашка местенка. И затоа, имам да ви порачам неколку работи.
Прво, не ви се плашам, следете ме. Штом не следите сите нас, вие сте тие што се плашите, а богами и има зошто. Институционално ќе си одговарате кога ќе дојде време. Лично секогаш ви било страв да се соочите, па изминативе 2-3 години ми демолиравте возила, преку 10 пати бушевте гуми итн, јас ви се смеев. Одлика на кукавици е тоа. Дури и една основна удбашка местенка не ви успеа да ми направите, затоа што нема зошто и како. До последен криминал ќе ви го извадам јавно сите да знаат.
Второ, во оваа држава има закони и тие закони јас ги почитувам и секогаш ќе ги почитувам бидејќи никој не е над законите во една држава. Затоа уредно ја доставував мојата легитимација и постапував како ми беше кажано.
Трето, гледам Коста Костадинов пишал некој статус таму, во недостиг на внимание од народов што не може да го смисли ниту него, ниту Заев, па вели, Димче го става во ризик здравјето на граѓаните. Коки, ти личиш на паметен човек, ама за жал си полтронче на Заев. Јасно ти е дека Димче никого не става во ризик и дека ако некој шири зараза во држвава, тоа е пола СДСМ кое идеше на терен меѓу граѓаните и се испозарази.
И четврто, Коки, имаш рок до утре (08.06.2020) до 13:00 да се извиниш јавно за овие клевети дека сум се заканувал по полициски патроли повикувајќи се со министри, а ако не се извиниш, ќе мораш на Суд да ги докажеш овие измислици.
И за крај, берете памет со следењево, работите за криминалци кои утре ќе ги нема, па вие ќе треба да одговарате. Нормално, се по закон. Видете која е одговорноста за незаконско следење и пак преиспитајте се. Нема да ви биде лесно кога ќе треба да сносите одговорност. Сите до еден 😉
Ќе пишев порано да ја објаснам целата ситуација, ама бев зафатен со пишување уредни претставки до МВР, кои се надевам ќе бидат процесуирани.
П.С. Очекувам Славјанка утре по партиска насока да има прес на темава, ама не сум сигурен дали уште е во самоизолација или не е.
Исто така очекувам утре Коки да праша јавно пред штаб на ВМРО зошто на личната карта, која е еден од документите за легитимација, сум со пократка коса. 🤣🤣🤣