Александар Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
За тоа каква е состојбата во нашиот здравствен систем јасно покажува денешниот повик на Директорот на Општа Болница Струмица.
Станува збор за апел преку социјалните мрежи упатен до граѓаните финансиски да помогнат во набавка на амбулантно возило.
ВМРО – ДПМНЕ во повеќе наврати предупредува дека здравствениот систем има сериозни проблеми и има голем удел во здравствената криза и загрижувачкита дневна статистика.
Како одговорни граѓани доколку ваквиот пристап е законски издржан ние сме свесни дека секој ТРЕБА ДА ПОМОГНЕ КОЛКУ И КАКО МОЖЕ.
Патем, да се потсетиме дека струмичкото СДС има неколку газди чиј возен парк изненадува.
Да го потсетиме СДС дека можеби треба да се обратат до сограѓанинот Ден Дончев како упатен во работите на системот.
Наместо да протестираат пред штабот на Опозицијата во Струмица бизнисмени нека покажат итна солидарност со граѓаните и пациентите.
Конечно, се потврдува дека за оваа состојба одговорен е Министерот Филипче кој заедно со соработниците треба да одговара.
На здравствениот персонал му посакуваме да издржи во справувањето со ситуацијата, на пациентите да поминат со лесно и апелираме сограѓаните да ги почитуваат мерките и да го чуват своето здравје.