ОБЈАВА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја растресе домашната и меѓународна јавност бидејќи како ретко кој опозициски лидер храбро објави скандали од меѓународен карактер.
По цена на закани за својот живот на неговите блиски и соработници тој својата улога ја врши достоинствено во корист на правдата и татковината.
Во вчерашната изјава, како коментар за апсењето на полициски началници од страна на ДЕА и оставки во власта на блиските соработници на Зоран Заев тој ги посочи началниците и градоначалниците како дел од војската на Заев кои вршат поткуп уцени и закани со врска со изборите.
Претседателот Мицкоски ја повика меѓународната и домашната јавност да ги следи и претстојните избори во пресрет на поткупот и уцените од власта.
Она што за Струмица е интересно посебно од аспект на намалената безбедност во последните денови е што Христијан Мицкоски посочи одредени индиции кон началството и во Струмица.
Во интерес на граѓаните е како ВМРО-ДПМНЕ да го повикаме СВР Струмица да даде коментар или демант, односно во стилот на пратеникот Костадинов ,, да излезе и да каже”.
Ги охрабруваме и новинарите да не се плашат да постават прашање.
Поминаа 24 часа, но нема никаков демант ниту реакција од началникот Танчо Пројковски. Изјавата на Лидерот Мицкоски е искрена заложба за нов почеток во односите во политиката во државата:
“И затоа ДЕА треба да дојде да ни ги уапси овие главни шверцери и трафиканти со мигранти. Затоа што тоа е војската која што на избори врши закани уцени и поткупува за цел да Зоран Зоран добие глас повеќе. И исто ќе биде тоа понатаму.
Ја повикувам меѓународната заедница ја повикувам македонската јавност будно да ги следи изборите. Истите овие луѓе повторно ќе бидат активни. И не може ништо да направи нтту ВМРО-ДПМНЕ ниту со народни стражи. Затоа што тие кога влегуваат од куќа во куќа и делат пари се придружувани од униформирани лица. Ова се луѓето коишто вршат поткуп началници и градоначалници. И уште ќе паѓат во периодот што следи”
Изјавата на Лидерот Христијан Мицкоски е во следното видео:
ЛИНК ОД ВИДЕОТО: https://www.facebook.com/vmrodpmne.strumica1/videos/944531656373179