ВЛАДИМИР РИСТОВ: Добивме најзагадена Струмица, а СДСМ ветуваше алпски воздух!

јануари 21, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

СДСМ ВЕТУВАА АЛПСКИ ВОЗДУХ, НО ДОБИВМЕ НАЈЗАГАДЕНА СТРУМИЦА

⚠️Според податоците на државните станици за индексот на квалитетот на возух загадувањето со ПМ 10 честички, првата половина од јануари, во Струмица е покачено за речиси 20% во споредба со претходните години.

Кога СДСМ беше во опозиција хистерично упатуваа критики и најавуваа алпски воздух со доаѓањето на власт.

Градоначалникот Костадинов и во кампањата за парламентарните избори и во кампањата за локалните избори на струмичани им ветуваше чист воздух.

⁉️ШТО НАПРАВИ СДСМ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ?

Наместо чистиот воздух, добивме ПР и маркетинг за дневнополитички поени. Струмица веќе со години се соочува со неуспешно менаџирање со гасификацијата, некординираност на инспекциските служби, хаос во урбанизмот, хаос со дивите депонии и недоволната грижата на комуналното претпијатие, а оваа година нема објавено ниту препораки до граѓаните за заштита од загадувањето на воздухот.

Не се исполенети целите од стратегијата за енергетска ефикасност 2019-2023 во која главен приоритет беше намалување на аерозагадувањето за 25%. Акцискиот план од 2018 остана само на хартија. Истиот како причинител ги наваде греењето во домакинствата и земјоделските површини, а како решение се наметнуваше гасификацијата.

Од тогаш, Струмица има потрошено милиони за гасификација, а поради лошите политики на локалната самоуправа, истата ја користат само 1% од домакинства во Струмица. 300-400 приклучоци за 13 години неможе да се смета за успех.

⁉️ШТО ВЕТИ СДСМ ЗА 17 ГОДИНИ ЛОКАЛНА И 6 ГОДИНИ ДРЖАВНА ВЛАСТ

Во изборните програми СДСМ овие години ветуваа многу, а малку реализираа, притоа манипулирајќи ги граѓаните.

❌️Костадинов за локалните избори вети субвенции за замена за системите за греење. За локалните избори СДСМ ветуваа и гасификација на земјоделското земјиште, зелени ѕидови и зелени кровови кои ќе обезбедат почист воздух.

❌️Во владините програми настапија амбициозно ветувајќи алпски воздух, зелени проекти за секој град со енормно загадување, субвенции за замена на клима уреди , програма за зелена агенда и директини мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух во Струмица.

Сите проекти останаа на надуен ПР за граѓаните кои очајно се надеваа дека проблемот со загадениот воздух ќе се реши.

Наместо решавање или намалување на загадувањето добивме 20% поголемо загадување во Струмица

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со амандани предложи системско пошумување на ридовите на градот, субвенции за приклучоци на мрежата за гас и проширување на гасоводната мрежа кон земјоделските површини, линиски јавен превоз, програма за рециклирање и други. Амандмите беа одбиени од градоначалникот Костадинов, со уверување дека загадувањето во општината се намалува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: