ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: ГИ ПОВИКУВАМ ГРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СИТЕ СОВЕТНИЦИ И ЗОРАН ЗАЕВ ДА ЈА ОСУДАТ ОДЛУКАТА НА „КОМУНАЛЕЦ“ ВО СТРУМИЦА!

декември 2, 2019

Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ванковер Манчев: 

Во врска со одлуката на ЈП “Комуналец” – Струмица да ангажира друга фирма да собира смет ( само таа, една се јавила на тендер ) за 1,2 милиони евра, за една година, го повикувам градоначалникот на Струмица, сите советници во советот на општина Струмица ( вклучително и од ВМРО ДПМНЕ ), сите граѓани на општина Струмица, вклучително и премиерот на РМ Зоран Заев, најостро да ја осудат ваквата одлука и на мирен протестен начин, во рамките на законските можности, да го спречат овој грабеж од парите на сите жители на општина Струмица !

Срамота е !

За една година ЕДЕН МИЛИОН И 200 илијади ЕВРА, за дејност која до сега ја вршеше Комуналец, во фирма каде постојано расте бројот на вработени, а работата е иста отсекогаш ! Камионите биле стари ( изјавува директорот ( прилог во видеото ) потценувајќи ги сите струмичани ),А колку камиони можат да бидат купени за истите пари, а потоа засекогаш да останат во сопственост на “Комуналец “?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ