Политичките партии веќе започнаа со објавување на дел од кандидатите со кои ќе настапат на претстојните локални избори. Учество во изборната трка најавуваат и независни кандидати. Владејачката СДСМ на Извршен одбор утврди уште 16 кандидати, од кои 12 се нови имиња, а четири се актуелни градоначалници во општините.
Сегашниот градоначаник на општина Босилово Зоран Зимбаков, повторно ја доби подрршката од СДСМ во трката по втор мандат за градоначалник.
Во изминатите години покажав што значи дадено ветување. Чекорам со граѓаните, младите, чекорам со иднината, чекорам заеднички, солидарно, отворено за #Најдобротозанашатаопштина. Заедно со централна власт покажавме и докажавме што значи грижа за граѓаните.
Продолжуваме уште позасилено да работиме за уште подобар живот за сите граѓани. – напиша тој на својата официјална фејсбук страница.