Зоран Заев, претседател на СДСМ и кандидат за премиер на Република Македонија:
Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. ✊🇲🇰 Клучната поддршка ќе биде насочена токму кон најголемиот сектор за вработување и најсилниот потрошувач – микро и малите компании.
Компаниите во валандовско што ги посетив ги уверив дека ја имаат нашата поддршка за развој, за да го модернизираат своето производство и да станат поконкурентни за извоз.
Нашата цел е микро и малите компании да станат средни, средните големи, а големите компании да генерираат приход на конкурентниот, заеднички европски пазар. #Можеме