Зоран Заев, претседател на СДСМ:
Изборите ќе бидат безбедни, граѓаните да излезат да гласаат, за да ги вратиме институциите! Сите имаме обврска, и истата ќе ја исполниме крајно одговорно.
Секој од нас ќе помине по 2-3 минути на гласачкото место. Како што одиме секој ден зашитени со маски во маркет, на пазар и се дезинфицираме во секој јавен објект – тогаш истото ќе го направиме на гласачкото место.
Важно е за државата да има функционални институции, кои се неопходни за справување со вториот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата.