strumica denes logo

OO СДСМ – Струмица: се модернизираат сместувачките капацитети за децата од предучилишна возраст

Автор:

Датум:

јули 22, 2019

Категории:

СДСМ

Автор:

Датум:

јули 22, 2019

Категории:

СДСМ

Денес во простириите на општинската организација на СДСМ во Струмица, прес конференција одржа портпаролот на ОО СДСМ, Венерка Ристовска. Во продолжение Ви го пренесуваме интегралниот текст од прес конференцијата

Почитувани граѓани,

За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ЗБОРОТ даден пред Вас Е ЗБОР И ТОЈ ВАЖИ. Ветеното се исполнува, животот се подобрува, насекаде и за сите. Во сите области и за сите категории граѓани, се случуваат позитивни промени.

Власта предводена од СДСМ и на централно и локално ниво, најмладите, децата ги стави во своите приоритети, затоа што нивниот правилен раст и развој создава здрави граѓани на нашето општество. А кога приоритетите ќе се совпаднат, резултатите се видливи.

Во континуитет се модернизираат сместувачките капацитети за децата од предучилишна возраст. Но, со зголемувањето на нивниот број, се работи на обезбедување на современи услови за престој на децата.

Во блокот 36 во поранешната касарна ќе се гради нова градинка . Општината и Владата на Република Северна Македонија имаа слух за потребите на граѓаните и оваа есен ќе започне реализацијата на овој проект. Во новата градинка која ќе биде изградена по најсовремени стандарди, ќе бидат згрижени 250 деца.

Од оваа есен нови згрижувачки капацитети за децата од предучилишна возраст ќе има и во населените места Куклиш и Муртино. Со преадаптација на постоечки објекти се обезбеди згрижување за 80 дечиња. Со ова, подеднакво право на бенефитите од ваквото згрижување на децата добиваат и граѓаните од овие села.

Грижата за најмладите не застанува тука. Во клон 4 на градинката „Детска радост“ кај Црвен крст ќе се врши реконструкција, во клон 2 доградба на уште 4 простории, а во поранешното училиште „Јахја Кемал“ ќе се пренаменат простории за целодневен престој на деца на возраст од 6 до 10 години.

Почитувани граѓани,

Ете вака, оваа власт се грижи за вашите деца. СДСМ е ваш партнер. Заедно ќе ги утврдуваме приоритетите, ќе ги решаваме проблемите и ќе создаваме подобар живот за сите. За нас ЗБОРОТ ВАЖИ.