Коста Костадинов:
Почитувана јавност, неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува. Додека огромен дел од граѓаните ги почитуваа забраните за движење и полицискиот час изминатиов викенд, за ВМРО-ДПМНЕ тие едноставно не важат. По стапките на Христијан Мицкоски, за кого не постојат ниту забрани забрани, ниту протоколи, туку презентирање на самоволие, непочитување и не дозволување на вршење на службена должност на надлежни лица оди и нивниот портпарол Димче Арсовски.
Имено, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во време на полициски час, или поточно во 22:00 часот навечер, спротивно на сите забрани, решава да се враќа од Струмица за Скопје. Притоа, бил запрен од полициска патрола која му побарала дозвола за движење! Сведоштва говорат дека Арсовски бурно реагирал на барањето на полицискиот службеник кој си ја вршел својата должност. Работата ескалирала до тој степен што од страна на Арсовски биле упатени закани кон полициските службеници. што потсетува на класичната режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се сокрива зад социјалните мрежи, Арсовски мора јавно да одговори на прашањата:
Ако имал дозвола, тогаш кој му ја издал дозволата за движење на целата територија на државата?
Ако тоа е партијата дали можеби ВМРО-ДПМНЕ, делат дозволи на сите свои функционери, за да можат да се шетаат каде ќе посакаат, додека огромен број на граѓани седат дома почитувајќи ја забраната за движење?
За каков професионален ангажман станува збор во недела во 22:00 часот?
Со кој се сретнал, на каков состанок бил Aрсовски и дали и луѓето со кои Арсовски се сретнал поседувале дозволи или по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, ги прекршиле мерките, препораките и протоколите?
Ова е почитувани граѓани вистинското лице на режимското ВМРО-ДПМНЕ. Лаги, манипулации, неодговорност на директна штета на сите нас како граѓани.
За таквото однесување опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со сигурност казнета од страна на граѓаните.