Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:
Секогаш сум верувал и сега верувам дека моќта на обединувањето е огромна.
Како пратеник денес понудив кон струмичките пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да заеднички работиме на одредени проблематики, а се со крајна цел подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Иако ја знам политичката поставеност на опозициската партија, сметам дека треба да понудам шанса на тие луѓе да се ослободат од прангите кои ги влечат и нив, но најлошо од се сите граѓани кон бездна.
Можеме да имаме различни идеологии, можеме за многу теми различно да размислуваме, но не смееме никако да си играме со интересите на сите наши граѓани.
Се надевам дека ако не веднаш, но со тек на времето сигурно ќе се изменат работите и навистина на пијадестал во нашите агенди ќе бидат граѓаните, а не дневнополитичките интереси.