ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО ТУРЦИЈА: „СУЛТАНОТ ЕРДОГАН“ ВОДИ СО 59,47 ОТСТО ПРОТИВ РИВАЛОТ КИЛИЧДАРОГЛУ СО 34,79 ОТСТО ОД 9,1 ПРОЦЕНТИ ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ!

мај 14, 2023

Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс

Прелиминарните резултати од претседателските избори во Турција во неделата покажаа дека Реџеп Тајип Ердоган води со 59,47 отсто од гласовите во споредба со опозицискиот ривал Кемал Киличдароглу, кој доби 34,79 отсто од гласовите. Станицата Хабер Турк ги објави овие резултати врз основа на 9,1 отсто од преброените гласови, пренесува Ројтерс.

Гласачките места низ Турција се затворија во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер изјави дека „не е забележана негативна ситуација“ за време на изборниот процес во Турција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ