Home

Perdormire
Политика

ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ: Го поддржуваме земјоделството и креираме предвидлив амбиент за одржлив и продуктивен агро-сектор!

Home

Зоран Заев, премиер на Република Македонија:

Во тек е аплицирањето за добивање на финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година. Сите заинтересирани, своите апликации можат да ги поднесат електронски со пристапување на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно на www.ipardpa.gov.mk во делот е-Барање.

Пандемијата уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.

Во таа насока, за непречено извршување на тековните земјоделски активности, Владата на Република Северна Македонија, за земјоделците овозможи исклучок од воведената забрана и посебен режим на движење.

Дополнителен стимул за земјоделското производство е приватизацијата на државно земјоделското земјиште која ја најавивме, во функција на развојот на земјоделството.

Заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агросекторот и руралниот развој. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој и Платежната агенција, се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење.

Заедничката цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата. 🇲🇰🌾