ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО БРИСЕЛ!

мај 4, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Како резултат на минатонеделната официјална посета на Крџали, заедно со Делегација од општина Струмица престојувам во Брисел.

Со задоволство ја прифатив иницијативата на европратеникот и известувач за напредокот на нашата земја кон ЕУ, Илхан Ќучук, заедно со Градоначалникот на општина Крџали, да учествуваме во неколкудневна програма, тука, во срцето на Европската Унија.

Со серија работни состаноци и практичното учество на студентите од нашите две држави, на дело се потврдува влогот кој го даваме за иднината. Уште една афирмација дека сме на вистинскиот пат е минатонеделното збратимување на Струмица и Крџали.

Пораката е јасна – добра волја, желба за заеднички прогрес, соработка и многу посветеност се клучот за иднината на Регионот во кој живееме. Токму тие вредности ги покажуваме, тука во Брисел. Знам и верувам дека сме одличен пример за градење добрососедски односи.

Да, во целост сум согласен и ја поддржувам девизата на Илхан Ќучук дека ние, политичарите можеме да учиме од минатото, но, поважно е правилно да ја градиме иднината на нашите земји, нашите економии и добрососедските односи.

Посветената работа и трудот даваат резултат – Струмица е прогресивна општина која станува урнек за развој и негување на односите со меѓународната заедница!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ