ЏАМБАСКИ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА ПО ИЗЈАВАТА НА ПЕНДАРОВСКИ: Прогласувањето бугарски личности за забранети нема да ја избрише историската вистина!

јануари 24, 2023

Европратеникот Ангел Џамбаски денеска на својот Фејсбук профил побара да се врати ветото за Македонија.

„Врати го веднаш ветото на Северна #Македонија“, напиша тој.

Оваа изјава следи по изјавата на претседателот Стево Пендаровски за Џамбаски да се прогласи за „персона нон грата“.

Според Џамбаски, обидот бугарските јавни личности да се прогласат за забранети лица во Северна Македонија нема да ја избрише историската вистина.

„Сите провокативни напори на Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора најостро да се осудат. Само антибугарската влада во Скопје може да биде прогласена за „персона нон грата“ во Европската Унија“, напиша Џамбаски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: