ИНТЕРВЈУ СО СЛАВЕ АНДОНОВ: Граѓаните на општина Василево заслужуваат многу повеќе, ветувам работа и голема борба за повеќе резултати!

октомври 12, 2021

Интервју на Струмица Денес со кандидатот за градоначалник на општина Василево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Славе Андонов.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на општина Василево?

СЛАВЕ АНДОНОВ: Максималната подршка од огромен број мои сограѓани, како и раководството на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ беа силен мотив да донесам одлука да поднесам кандидатура за градоначалник на општина Василево.

Се чувствувам спремен и способен да одговорам на задачите и предизвиците кои што со себе ги носи оваа одговорна функција за која сум свесен дека бара многу посветеност, труд, работа и пожртвуваност.

Менаџирањето со Локалната самоуправа, правилното насочување на голем дел од ресурсите и создавање поволни услови што ќе ги подобрат условите за живеење во сите општествени сегменти, за мене како личност и човек пред сè, е навистина врвен предизвик.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со оглед на тоа дека живеете во општина Василево и добро ја познавате општината, што според вас е она што најмногу недостасува таму? Со кои проблеми најмногу се соочуваат жителите?

СЛАВЕ АНДОНОВ: Сите важни работи во мојот живот ми се случија тука, во срцето на моето село, Василево ,во општина Василево.

Општина Василево е нашиот заеднички дом, во кој секој од нас треба да ја гледа својата иднина и својата шанса . Одлично ја познавам душата на селото, добро ги познавам секојдневните проблеми и маки на месното население бидејќи тоа се и мои секојдневни проблеми. Огромно е потфрлањето во реализацијата на програмскиот докумен на актуелниот Градоначалник, изостана посебно локалниот економски развој, задолженост на општината и јавните претпријатија е енормна односно општина Василево е должна околу 80 000 000денари, пораст на иселувањето и потфрлување на секој план. Загрижувачко е чувството на безнадежност и рамнодушноста кај голем дел од граѓаните.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: На кои проекти од програмата најпрвин ќе се фокусирате за реализирање, доколку граѓаните изберат Вие да ја водите општината?

СЛАВЕ АНДОНОВ: Нам ни е потребна општина без кал,со нови асфалтирани улици , игралишта , нови паркови, канализирање и чистење на речните корита и чистење на дивите депонии но од се најмногу изградба на што повеќе нови канализациони системи . Изградба на канализациони мрежи во Василево,Градошорци,Ангелци,Пиперево,Владевци,Седларци,Радичево и други населени места.

Во многу населени места не постои канализациска мрежа , така што отпадните води истекуваат слободно по површината на теренот, а дел од отпадните води се прифаќаат во примитивно изградени септички јами без прелив.таквата состојба претставува потенцијален извор на епидемиолошки заразни заболувања кај населението.

Во првите 100 дена ќе донесеме одлука за субвенции за изведба на термофасади , субвенции за клима уреди . Ќе ги реновираме постојните повеќенаменски игралишта.
Висока Маала и Дукатино конечно ќе добијат вода за пиење.

Се обврзуваме дека ќе го реконструираме водоводот во Пиперево.

Добрашинци конечно ќе го добие Мултифункционалниот центар.

Повеќенаменски игралишта ќе се изградат во Чанаклија , Владевци и Висока Маала.

Нови филтер станици ќе се изградат во Нова Маала и Сушево.

Ветувам работа и беспоштедна битка за повеќе резултати.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Порака до жителите на општина Василево. Зошто да ви ја дадат довербата?

СЛАВЕ АНДОНОВ: Подршката од граѓаните ни е потребна на овие избори за да направиме тим со кој заедно ќе ја смениме иднината на општина Василево.Ќе ги реализираме ветените проекти кој се дел од програмата. Ќе работиме чесно и макотрпно за доброто на сите граѓани на општина Василево.

Имаме и победничка советничка листа составена од докажани луѓе во своите области. Спој на младоста и искуството.

Граѓаните на општина Василево заслужуваат промени!

Општина Василево заслужува многу повеќе!
Победуваме!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ