strumica denes logo

ГОЛЕМИ ПОПЛАКИ ОД ВАСИЛЕВО: 21 ВЕК СМЕ, А ЌЕ ТРЕБА ДА ПРЕЛЕТУВАМЕ ЗА ДА СТИГНЕМЕ НА УЧИЛИШТЕ ИЛИ РАБОТА!

Автор:

Датум:

март 10, 2020

Категории:

Василево

Автор:

Датум:

март 10, 2020

Категории:

Василево

Зачестија поплаките на граѓаните од Василево – неасфалтираните улици одново претставуваат проблем за граѓаните слободно да ги извршуваат секојдневните обврски, а проблем претставува и одењето на децата на училиште.

Во многубројните поплаки кои пристигнаа до нашата редакција, во повеќе наврати се спомнува дека проблемот е долгогодишен и ниту еднаш надлежните вистински не се зафатиле со негово решавање. Дворовите на луѓето се полнат со нечистата вода, а отежнето е и минувањето на автомобилите.

Граѓаните уште еднаш испратија апел за разрешување на проблемот со цел подобрување на квалитетот на животот во општината.

„Важиме за една од поголемите и посредените општини во регионот, но изгледа ќе треба да прелетуваме за да стигнеме до најблиската продавница, а да не зборуваме за одење на работа или училиште. Ова е катастрофа, други зборови немам!“ – стои во реакцијата.

„21 век сме и е голема срамота. Такси превозниците не сакаат ниту да помислат да дојдат. Дупките се големи и проблемот е постојан!“ – стои во реакцијата на друга читателка.