АСФАЛТИРАНО ИГРАЛИШТЕТО ЗА МАЛ ФУДБАЛ ВО ДВОРОТ НА ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ВАСИЛЕВО!

јули 2, 2023

Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:

Ветувањето дадено во мојата програма го реализирам.Денес повеќенаменското игралиште во Василево се асфалтира.

⛳️Во наредниот период ќе биде нанесено на асфалтна подлога, акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта.
🛠 Целосно ќе се реконструира постоечката ограда, со оградување од сите четири страни, заштитна ограда висока 4 метри.
💡 Ќе биде поставено ново лед осветлување.
👫Многу генерации од сите населени места во Општина Василево имаат спомени од детството и училишните денови на оваа игралиште .
⚽️ Василево ќе добие ново квалитетно место за рекреирање, исто така оваа година во летниот период ќе биде организиран еден од најдобрите турнири во мал фудбал во регионот😇

⚽️Во наредниот период нови повеќенаменски игралишта ќе добијат и населените места Чанаклија, Висока Маала, Радичево и Владевци!
Го менуваме ликот на Општина Василево !

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ