strumica denes logo

ЅВОНЦИТЕ СЕ РАСТРОПАА, НА 14 ЈАНУАРИ ВО МОКРИЕВО ЌЕ СЕ ОДДРЖАТ ПОЗНАТИТЕ „СТАНЧИНАРСКИ ИГРИ“

Автор:

Датум:

јануари 13, 2026

Автор:

Датум:

јануари 13, 2026

Во среда, 14 јануари, во селото Мокриево ќе се одржат традиционалните „Странчинарски игри“, една од најпрепознатливите и најстарите народни манифестации во регионот.

Настанот ќе започне во 11:30 часот и претставува автентичен спој на маски, обичаи и фолклор, кој со векови се пренесува од генерација на генерација. „Странчинарските игри“ го симболизираат дочекот на новата година според стариот календар и се значаен дел од нематеријалното културно наследство на овој крај.

Манифестацијата ќе се одржи во селото Мокриево, во општина Ново Село, каде жителите и посетителите ќе имаат можност одблизу да ја почувствуваат магијата на вековната традиција, преку автентични маскирани поворки и обредни ритуали.

Граѓаните се поканети да бидат дел од овој настан и да ја поддржат традицијата која со години го чува културниот идентитет и духот на заедништвото во Мокриево.

  • Banner