ЗУКЕНБЕРГ НАЈАВИ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ ПРЕТПЛАТА ЗА ПОТВРДА НА СМЕТКИТЕ НА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ!

февруари 26, 2023

Марк Закерберг, сопственикот на Мета (Фејсбук, Инстаграм), во неделата објави дека воведува „Meta Verified“, претплата од 11,99 долари месечно за потврда на сметките на платформите додека големата социјална мрежа поминува низ финансиска криза.

„Meta Verified“, кој за прв пат ќе биде достапен во Австралија и Нов Зеланд оваа недела, е сличен на системот што го воведе Илон Маск на Твитер, со услуги за верификација на идентитетот и придобивки како што се „директен пристап до услуги на клиентите“. „Идејата беше да го подобриме кредибилитетот и безбедноста на нашите услуги“, рече Закерберг во пораката на Инстаграм и Фејсбук.

„Претплатниците ќе добијат значка на Фејсбук и Инстабграм што покажува дека нивниот идентитет е потврден, заштита на нивната сметка (против кражба на идентитет), пристап до услуги на клиентите и поголема видливост“, рече портпаролот на Мета.

Претплатата е наменета за лица постари од 18 години, но не и за сметки на компании. Корисниците ќе плаќаат 11,99 долари месечно за „Meta Verified“ на интернет и 14,99 долари месечно на „iOS“ и „Android“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ