ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ИСКЛУЧУВАТЕ ТЕЛЕФОНОТ СЕКОЈ ДЕН?

септември 11, 2023

Австралискиот премиер Ентони Албанес неодамна даде неколку совети за сајбер-безбедност кои се покажаа како добри, според експертите. Неговиот главен совет е еден што го даваат ИТ-експертите низ целиот свет, а тоа е редовно да ги исклучувате вашите уреди на краток период.

Исклучувањето на телефонот и компјутерот на краток период ги запира сите апликации што работат и може да реши некакви проблеми со уредите. Од безбедносна гледна точка, ова може да отстрани некои видови малициозен софтвер. Во случај на напад во кој напаѓачот испраќа порака со која се инсталира злонамерен софтвер, експлоатацијата на ранливостите може да се спречи со рестартирање на телефонот.

Дури и американската Национална агенција за безбедност препорачува секојдневно рестартирање на телефонот за луѓето кои би можеле да бидат цел на напад, како новинари или политичари.

Според експертите, исклучувањето на телефонот секој ден во период од барем 5 минути може да осигури гасење на апликации кои бараат постојана врска за следење на активностите и собирање податоци од уредот. Сепак, се посочува дека многу зависи од видот на штетниот софтвер и неговата моќност.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ