Оливер Спасовски, министер за Внатрешни работи:
Денеска во кругот на МВР беше предадена донација од Фондацијата Заев, од страна на директорот Zoran Zaev, а која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.
Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата.
Во свое и во име на МВР изразувам благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација. Безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Би сакал да потенцирам дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.