ЗОРАН РИСТОВ – ПАТРИКОВ: 14 УЧЕНИЦИ ЗАМИНАА ВО САНДАНСКИ СО НИВНИТЕ МЕНТОРИ НА ПРАКТИЧНА ПРОФЕСИОНАЛНА НАСТАВА!

септември 30, 2019

СОУ „Димитар Влахов“ продолжува со практичните тренинг обуки и настави кои во минатото се покажаа доста корисни. Во изјава за Струмица Денес заменик директорот на училиштето Зоран Ристов – Патриков вели дека овојпат се испратени 14 ученици заедно со нивните ментори Томе Тимов и Ивана Ѓорѓева во Сандански-Бугарија преку Еразмус+ проектот. Како што вели Патриков, праксата ќе биде повеќето денови во винарија а учениците заедно со нивните ментори ќе имаат исто така и факултативни прошетки во Мелник и Благоевград. Инаку, во склоп на истиот проект, во Април ќе заминат уште 14 ученици од СОУ „Димитар Влахов“-Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ