strumica denes logo

Знаете ли кое е најстарото училиште во Струмица?

Автор:

Датум:

октомври 17, 2023

Автор:

Датум:

октомври 17, 2023

Можеби многумина од вас уште од прв миг го знаеја одговорот – тоа е основното училиште Маршал Тито, лоцирано во стариот дел од градот.

Училишната зграда е градена во периодот од 1926 до 1931 година на место на поранешната црква “Св. Димитар”. Со настава е почнано во 1931 на српски јазик, а од октомври 1944 година е на македонски јазик. Во неа била сместена гимназијата “Јане Сандански”, во периодот од 1944 до 1947 година. Во состав на училиштето се и подрачните училишта Попчево и Рич. Во наставниот процес се вклучени 715 деца, кои учат во 30 паралелки. Бројот на вработени лица е 56, од кои во настава се 47.