strumica denes logo

ЗНАЧАЕН ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА ФРЕСКИТЕ ОД 19 ВЕК ВО ЦРКВАТА ВО СЕЛОТО СМОЛАРЕ!

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Стручен тим од Националната установа Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица во моментот работи на терен во селото Смоларе, каде што се врши компјутерско исцртување на фреско живописот во црквата „Света Троица“. Целта на активноста е создавање целосна документација на авторскиот опус на роднокрајниот зограф Григориј Пецанов, еден од најзначајните црковни уметници од овој регион.

Црквата „Света Троица“ претставува важен споменик на духовната и културната традиција од 19 век, а нејзината внатрешност е целосно живописана со 55 иконографски претстави кои сведочат за исклучителното мајсторство на Пецанов и за стилските карактеристики на поствизантиската уметност во македонските простори.
Во стручниот тим кој ја реализира оваа значајна документациска активност се вклучени Зорица Костадинова, виш документатор, Даниела Дончева, фотограф, и Филип Ангелов, надворешен соработник. Со прецизен и систематски пристап, тимот работи на дигитално архивирање и визуелна анализа на фреските, што ќе овозможи нивна заштита, научна интерпретација и презентација пред пошироката јавност.

Овој проект е дел од пошироките напори на НУ Завод и Музеј – Струмица за зачувување и промоција на културното наследство на југоисточна Македонија, со акцент на локалните автори и нивниот придонес кон националната уметничка традиција.