На 21 сектември во ДОМ НА АРМ-Струмица ќе се одржи хуманитарен концерт организиран од хуманитарното здружение „Хуманост“ – Струмица. Концертот ќе се одржи со цел за собирање на донации за деца без родители. На хуманитарниот настан ќе гостуваат:
– СЛАВИЦА АНГЕЛОВА
– ПАВЛЕ ВИТАНОВ
– ЖАН ТРАЈКОВ
– ЉУПЧО ДЕЛЕВ
Дел од концертот ќе бидат и децата со посебни потреби од училиштето „Климент Охридски“ од Ново Село. Настанот ќе започне во 19:00 часот, а влезниците ќе се продаваат во Дом на Арм и во канцелариите на здружението „Хуманост“ на Бул. „Гоце Делчев“ ББ (бараките позади новат црква). Влезниците се по цена од 100 денари.