ЖИТЕЛИТЕ НА ИЛОВИЦА И ШТУКА ВТОР ДЕН СО БЛОКАДИ ЗА АРХЕОЛОЗИТЕ!

јуни 18, 2019

Втор ден блокади на жителите на Иловица и Штука на падините на планината Огражден. Во продолжение погледнете го вчерашното соопштение на Здрава Котлина:

БЛОКАДА

Почитувани сограѓани,

Денес во 05:00 на падините на планината Огражден група активисти со жив ѕид и моторни возила го блокираше патот до рудникот на смртта Иловица-Штука. Со ова започнува нова фаза од нашата борба со употреба на жив ѕид и блокадите на сите теренски активности на концесионерот кој веќе 3 годнини оперира со истечена концесија. Вчера на собир на граѓани во Иловица се донесе решение за блокада и денес ја спроведуваме.

Сабајле во 05:30 конвојот од археолози и работници на Еуромакс Ресурси беше запрен за кратко време се повлекоа назад.

Денес го споведуваме во дело она што подолго време го зборувавме и за кое предупредувавме дека нема да дозволиме никому, по ниту една цена, никогаш да има рудник над нашите глави.

Ова е прва од ваквите блокади и ги предупредуваме Еуромакс да ја разберат пораката, а посебно испраќаме порака до Влада на Република Северна Македонија во најскоро време да го донесе потребното решение и согласно законите да биде одземена концесијата за рудникот на смртта.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ