Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера е нов освојувач на Купот на Македонија во женска конкуренција, откако во големото финале оствари убедлива победа над екипата на ЖФК Каменица Саса со резултат 5:0.
Со доминантна игра и одличен настап на теренот, струмичките фудбалерки покажаа зошто важат за еден од најдобрите женски фудбалски колективи во државата, крунисувајќи ја својата успешна сезона со значаен трофеј.
Ова е втор Куп трофеј во историјата на ЖФК Тиверија Брера, успех што претставува голема гордост за клубот, навивачите и спортската јавност во Струмица.
Честитки за фудбалерките, стручниот штаб и сите кои се дел од овој голем спортски успех, кој уште еднаш го потврди квалитетот и амбицијата на клубот.





















