Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Денеска навршија 19 години од трагичното загинување на Претседателот Борис Трајковски!
Во Градскиот парк, во близина на неговиот споменик, Унијата на жени засади дрво.
Овој чин Унијата го прави традиционално секоја година. Дрвото е симбол на животот и симбол на бесмртноста.
Претседателот Борис Трајковски веруваше во Македонија!
Идеите, активизмот, чесноста и човечноста на Борис Трајковски ВМРО-ДПМНЕ ги има како завет за тоа како треба да се работи за Македонија.
Слава му!