ЖАН ДРВОШАНОВ, ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: Oчигледно повторно сме изненадени од временските услови, поројните дождови станаа дел од нашето секојдневие!

јули 6, 2023

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Состојбата после поројниот дожд во Струмица вечерва е алармантна.

Поројните дождови станаа дел од нашето секојдневие и, очигледна е потребата да се подготвиме за такви услови.

Затоа прашањето е дали и што прават локалните власти “во европска Струмица” за подготвен настап за ваква временска непогода. Кои се последиците од промашениот проект канал Крушевска Република . Очигледно повторно сме изненадени од временските услови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ