Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра!

јануари 11, 2024

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица.

Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74.

Вкупниот нето долг изнесува 10.108.704.233 денари, што е повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).

Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: