Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европската Унија да постави конкретни рокови во кои земјите од ЕУ ќе ги отфрлат рускиот гас и нафтата.
„Мора да се постават конкретни рокови за секоја земја од ЕУ за навистина да се одбие или барем значително да се ограничи потрошувачката на руски гас и нафта“, рече Зеленски во своето обраќање во литванскиот парламент, пренесува „РИА новости“.
Зеленски изјави и дека навистина моќната одлука за санкции против Русија треба веднаш да биде одобрена, без да се чека усвојување нови пакети.
Претседателот на Украина изјави и дека ЕУ може и мора да го исполни неговиот предлог и дека покрај одбивањето на рускиот гас и нафтата, треба да ги санкционира и руските банки, и тоа сите, а не само некои, наведува „РИА новости“.