ЗДРАВА КОТЛИНА: ЗА ШТО ГИ СМЕТАТЕ СТРУМИЧАНИ? НАЈЛЕСНО НА ИНСТИТУЦИИТЕ ИМ Е ДА КАЖАТ ДЕКА ЗАГРЕВАЊЕТО ОД ДОМАЌИНСТВАТА ГО ПРАВАТ ЗАГАДУВАЊЕТО!

декември 26, 2023

Фејсбук објава на Здрава Котлина:

ЗА ШТО ГИ СМЕТАТЕ СТРУМИЧАНИ?

Гледаме дека најлесно и најбезболно за институциите и одговорните е да се каже дека загревањето од домаќинствата го прават огромното загадување на Струмица. Излегува дека Струмичани се најголеми загадувачи на своите фамилии и деца.

Но ако е тоа така, тогаш истите што го тврдат тоа, треба да одговорат на неколку прашања:

1. Зошто САМО Струмица, а не и другите градови имаат такви огромни разлики при слични метеоролошки услови во другите градови?
2. Што има повеќе и поразлично во Струмица па домаќинствата предизвикуваат 2, 3, 4 и повеќе пати да биде повеќе загадено од она што го предизвикуваат домаќинствата во другите градови?
3. Зошто во недела како неработен ден осетно е намалена загаденоста во Струмица?
4. Зошто при слични метеоролошки услови како во другите градови, загаденоста во работни денови осетно се намалува ако претходно на терен има луѓе кои имаат задача да ги снимаат оџаците на погоните што проработуваат на почеток и при крај на вообичаеното работно време?
5. Зошто некои погони привремено запираат со работа кога јавноста се револтира на социјалните мрежи?
6. Зошто во ретки определени денови кои се надвор од грејната сезона и при надворешни температури над 18 целзусови, па дури и на лето, имаме регистрирано надминувања со високи пикови а притоа нема пожари или слично?
7. Струмица е гасифицирана општина а Битола не е, но Струмица го нема РЕК Битола што загадува за сметка на производство на 1864,4 GWh електрична енергија за цела држава. За РЕК Битола е пресметано дека претставува 6ти најголем загадувач со ПМ10 честички во Западен Балкан и како таков придонесува за прерана смрт на 181 луѓе секоја година. Како е можно Струмица да биде позагадена од Битола и какви пресметки треба да очекуваме за нас? И споредно прашање е кој прави пари од ова загадување што е поголемо од Битола?

И секако за крај е клучното прашање – За што ги сметате Струмичани ако само во Струмица има високи пикови на загадување кои не се ни близу во останатите градови?
Прашања, прашања…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ