ЗДРАВА КОТЛИНА: ТОЧКАТА ЗА РУДНИКОТ ПОВТОРНО НЕ БЕШЕ СТАВЕНА НА ДНЕВЕН РЕД!

февруари 4, 2023

ЗДРАВА КОТЛИНА:

„Ја известуваме јавноста дека, на одржаната XX Седница на Советот на општина Босилово, на ден 31.01.2023г., точката за металични минерални суровини уредно поднесена на 30.01.2023г. повторно НЕ БЕШЕ ставена на Дневен ред.

Имено, советникот Стојан Велков (претставник на независното граѓанско движење СТИГА Е!), побара измена и дополнување на Дневниот ред и даде кусо образложение зошто е многу важно во овој момент оваа точка да се изгласа од Советот, укажувајќи на тоа дека НИКОЈ нема да сноси никакви правни последици, туку напротив, дека е НАША ДОЛЖНОСТ (и по Устав, по Статут и по други Закони) да ја ЗАШТИТИМЕ нашата животна средина.

На гласањето за тоа дали воопшто да се стави на Дневен ред:

– советникот на СТИГА Е гласаше – ЗА – 1 глас
– советничката група на СДСМ гласеше – ЗА – 6 гласа
– советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше – ПРОТИВ – 8 гласа

Откако советникот Велков побара образложение од СЕКОЈ СОВЕТНИК ПОЕДИНЕЧНО да се изјасни и обрзложи ЗОШТО воопшто не се става на Дневен ред и не се отвора дискусија, советничката Катерина Русоманова (од името на советничката група која гласаше ПРОТИВ), даде кус одговор дека материјалите биле дадени на разгледување на Уставен суд (потоа се коригираше дека се во Управен суд!?).

А не знаеме и што воопшто бараме совет од било кој суд, кога тој не постапува ако нема одлука!

Нашиот советник реагираше:

– дали има документ (со архивски број) до која институција точно е пратено?

– кога точно ќе пристигне мислењето од институцијата, имајќи предвид дека поминаа веќе два и пол месеци од ХVII седница кога беше симната од Дневен ред?

Одговор немаше.

Доколку, најкасно, до следната седница на Совет не се достават писмени докази дека материјалите се пратени во некоја институција, ќе сметаме дека станува збор за обид за манипулација и кпување време за одлагање на точката.

Ги држиме за збор и градоначаникот Ристо Манчев и претседателот на Советот Мите Андонов, кои на координативниот состанок ветија дека лично ќе реагираат и до следната XXI седница да добијат правнички совет од својата партија.

П.С. Укажуваме на тоа дека на следната седница на Совет, точката мора по автоматизам да биде ставена на Дневен ред. Доколку не биде ставена, нашиот советник пак ќе ја предложи.“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ