ЗДРАВА КОТЛИНА ОБЈАВИ: ДУИ купи 25% од Еуромакс Ресурси!

јануари 28, 2023

Здрава Котлина:

Денес и официјално можеме да потврдиме со писмен доказ дека она што го зборувавме и за што предупредувавме се случи. Имено тетовски Еколог почна да го купува Еуромакс Ресурси.

Преку холандскиот холдинг NDX BV се купија акции од Еуромакс Ресурси во вредност од 3 милиони американски долари и се договори дополнителни финансии од 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25% од Еуромакс Ресурси под услов во наредните 2 години Еуромакс да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и конечно да добие дозвола за експлоатација.

Овластен потписник на договорот поврзана со трансакцијата е Али Везваеи, кој пак во исто време е потпретседател на бордот на директори на Еколог Интернационал групацијата и претседател на бордот на директори на автомобилската компанија e.GO Mobile. Тоа е истата таа компанија e.GO Mobile на која првиот заменик премиер Артан Груби им вети 130 милиони евра државна помош од буџетот на Република Македонија.

Коцките полека се склопуваат за се што зборувавме од моментот кога објавивме дека главниот финансиер на ДУИ и краен сопственик на сите спомнати компании господинот Дестани заедно со фамилијата беше на состанок во Струмица со поранешниот премиер Заев.

Тогаш не знаевме што ќе има резултат од тој состанок, но еве денес конечно знаеме. Исто како што знаеме за сите поврзаности и неслучајни “случајности” во оваа наша измачена и ограбена држава.

Што мислите зошто Еколог би фрлал милиони на удели во фирма која е моментално заглавена во повеќе десетици милиони долар долгови и чија единствена потенцијална вредност е само ако некако се обнови истечената и одземената концесија?

Видете ги сликите и се ќе ви биде јасно зошто и што ќе се случува во наредниот период.

Но есапот дома и на пазар не е секогаш ист и крајно време е за радикални промени во нашето општество.

Веќе е извесно дека ќе има голем конфликт и долга ќе биде битката, но ние ќе победиме и рудник нема да има!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: