Денеска заврши ставањето втор слој асфалт на улицата „Браќа Минкови“ и градежната механизација веднаш се префрли на улицата „Сава Ковачевиќ“.
Тука нов асфалтен слој се става на потегот од улицата „Ванчо Китанов“ до улицата „11-ти Октомври“.
На почетните активности на оваа улица присуствуваше градоначалникот Костадин Костадинов поттикнувајќи ги изведувачите на позабрзана динамика во реализацијата на оваа градежна офанзива, за да може да се спроведат и останатите планирани активности.