ЗАВРШИ ПОСТАВУВАЊЕТО НА МЕЃУКАТНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА СПРАТОТ НА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА НА ОУ „МАРШАЛ ТИТО“

февруари 18, 2019

Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица заврши поставувањето на меѓукатна конструкција на спратот на училишната зграда. Овој зафат се реализираше во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), а за кој беше потпишан Меморандум за соработка меѓу училиштето, општина Струмица, Македонскиот центар за граѓанско образование и УСАИД. Поставувањето на меѓукатната конструкција чинеше 1.098.175 денари, а општина Струмица учествуваше со 150 илјади денари за набавка и монтажа на врати за училниците, крпење на внатрешните врати и транспорт и складирање на демонтираниот материјал. Училиштето со сопствени средства го изврши обновувањето на електричната инсталација, а советот на родители и вработените учествуваа во демонтажата на постоечкиот под. Со поддршката на овој проект, општина Струмица потврди дека води континуирана грижа за подобрување на условите за изведување на воспитно – образовниот процес во училиштата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ