strumica denes logo

Заврши изградбата на најголемата 3Д-печатена зграда во Европа – изградбата траеше 140 часа!

Автор:

Датум:

август 12, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

август 12, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Изградбата на најголемата 3Д-печатена зграда во Европа заврши неодамна, а се наоѓа во Хајделберг, Германија.

Зградата е долга 55 метри, широка 11 метри и висока 9 метри, а во неа ќе бидат сместени компјутерски сервери. Нејзината изградба започнала во март годинава.

За изградба на неговите ѕидови се користело 3Д-печатење, за кое биле потребни околу 140 часа. Во изградбата бил користен и бетон што може да се рециклира. За изработка на овој тип бетон се користат рециклирани материјали, а тој е специјално дизајниран за употреба во 3Д-печатачи. Се тврди дека тој има 55% помал јаглероден отпечаток од традиционалниот цемент.

За да се исполнат основните услови за стабилност, помеѓу ѕидовите бил користен стандарден армиран бетон. Оваа техника овозможува зградата да има карактеристична брановидна форма, која потсетува на завеса, а која не може да се создаде со конвенционалните техники на градба.