strumica denes logo

Затворени 10 маркети во Македонија: Kазни од 6,3 мил. денари – не ја почитувале владината одлука за намалување на цените!

Автор:

Датум:

октомври 3, 2023

Автор:

Датум:

октомври 3, 2023

Државниот пазарен инспекторат извршил повеќе од 550 контроли во маркети и изрекол казни во вредност од 6,3 милиони денари. Од 19 септември до сега затворени се 10 маркети. Директорот на инспекторатот Горан Трајковски вели дека казните се за непочитување на владината одлука за намалување на цените на одредени прехранбени производи.

Трајковски ги предупреди и сите нерегистрирани трговци да се регистрираат до 15 октомври бидејќи ќе има засилени контроли. Доколку затекнат нерегистрирана фирма, стоката ќе биде конфискувана.

Трајковски вели дека сите овие одлуки се донесени за доброто на граѓаните, а апелираше и за пријавување на неправилности на телефонскиот број 191 кој е на располагање 24/7.