На 28 јануари 2026 година околу 16:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.Р.(19), О.Д.(39), М.А.(24) и З.А.(25), сите од Струмица.
Според информациите, лицата биле затекнати во патничко возило „Опел“ со струмички регистарски ознаки, во момент кога користеле дрога. При извршен преглед на возилото била пронајдена и марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
























