ЗАПОЧНА ТРКАТА: ТРАМП УБЕДЛИВО ВОДИ НА ПАРТИСКИТЕ ИЗБОРИ – ВЕЛАТ ДЕКА НЕГОВОТО ВРАЌАЊЕ ЌЕ ЗНАЧИ МИР ЗА СВЕТОТ!

јануари 22, 2024

Доналд Трамп оствари убедлива победа на првите предизбори во САД, на кои што Републиканците ќе го изберат својот кандидат за годинашните претседателски избори. Трамп, кој се бори за третата номинација по ред, освои 51,1% гласови во Ајова, каде што и официјално почна трката за Белата куќа.

Изборите во Ајова не истакнаа кој би можел да му биде главниот ривал, откако второпласираниот гувернер на Флорида, Рон ДеСантис освои 21,2%, а бившата амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, 19% гласови. Откако заврши на разочарувачкото четврто место, бизисменот Вивек Рамасвами објави дека се повлекува од трката и кажа дека му дава поддршка на Трамп.

„Благодарам Ајова, ве сакам сите!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа откако ја оствари најубедливата победа во историјата на предизборите во оваа сојузна држава.

По победата во Ајова, тој потсети што ќе направи во својот втор мандат како претседател, што вклучува и брзо решавање на војните во Украина и Газа.

„Ќе ја запечатиме границата, зашто моментално имаме инвазија. Ќе имаме ниво на депортации какво што не е видено долго време“, кажа Трамп.

Настапот на Трамп ја нагласува неговата популарност меѓу републиканците, и покрај два импичмента во Конгресот и 91 кривично дело за кои е обвинет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ