strumica denes logo

ЗАПОЧНА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2019!

Автор:

Датум:

јуни 11, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 11, 2019

Категории:

Струмица

Со интернационалниот полумаратон „Струмица на улица“ кој што се одржа во недела, започна годинашното осмо по ред издание на Струмица ОПЕН фестивал. По улиците на Струмица трчаа вкупно 427 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Велика Британија, Португалија и Словенија, а наградите на најдобрите во трите категории на 5,10 и 21 километар им ги врачија градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, Ване Стојанов и Благородна Андонова.
Осмото издание на Струмица опен фестивал, за прв пат ќе трае 10 недели и ќе биде во знакот на спортот, културата, уметноста и музиката. Во тој период ќе се одржат вкупно 27 настани на 13 локации во Струмица и околината. И годинава општина Струмица го помага фестивалот со три милиони денари.