Започна пролетното обележување на хоризонталната сигнализација

април 4, 2018

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со пролетното обележување на хоризонталната сигнализација во градот. Обележувањето почна на пешачките премини на крстосницата кај градинката до основното училиште „Никола Вапцаров“, а ќе продолжи пред сите клонови на градинката „Детска радост“, основните и средните училишта и во централното градско подрачје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: