Home

Perdormire
Струмица

Запишувањето ученици во прво одделение ќе се врши од 2 до 31 мај

Home

Одделението за образование при општина Струмица ги известува родителите дека уписот во прво одделение за учебната 2018/2019 година, започнува на 02.05.2018 година и ќе се врши секој работен ден од 9 до 14 часот до 31.05.2018 година, во основните училишта во општина Струмица.

Согласно законот за основно образование, во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето, кое до крајот на календарската 2018 година ќе наполни шест години. Родителите можат да ги запишат децата кои ќе наполнат шест години до 31.01.2019 година, но по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена установа.

Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година, ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.