ЖАН МИТРЕВ БЕСПЛАТНО ЌЕ ГО ЛЕЧИ 14 ГОДИШНИОТ ВИЛИ ИЛЈОВ КОЈ Е ВО МНОГУ ТЕШКА СОСТОЈБА!

септември 1, 2022

Клиниката Жан Митрев целосно ќе го покрие лекувањето на малиот Вили од Штип.

Лекувањето на 14 годишниот Вили Илјов од Штип ќе биде целосно покриено од Клиниката Жан Митрев. Со оглед на состојбата на семејството и апелите на помош на социјалните медиуми, Клиниката одлучи целосно да го покрие лекувањето и да помогне на малиот Вили.

14 годишниот штипјанец е донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ