strumica denes logo

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО – НАЈАВЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КУЛТУРНИОТ ДОМ ВО ГРАДОШОРЦИ!

Автор:

Датум:

јули 19, 2025

Автор:

Датум:

јули 19, 2025

Општина Василево ја посети заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, во придружба на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.

Во рамки на посетата, министерката Трајков ја истакна Општина Василево како една од најуспешните општини во земјава во искористувањето на европските фондови. Таа ја поздрави посветеноста на локалната самоуправа и нејзината способност за подготовка и реализација на проекти поддржани од ЕУ.

Еден од тие проекти, како што беше нагласено, е реконструкцијата на Културниот дом во село Градошорци, за кој Европската Унија одобри финансиска поддршка, потврдувајќи го уште еднаш капацитетот на општината да привлече и реализира европски средства.

Градоначалникот на Василево, Славе Андонов, ја поздрави соработката со Министерството за европски прашања, нагласувајќи дека институционалниот капацитет на општините игра клучна улога во успехот на ваквите иницијативи. Според него, ваквите напори треба уште повеќе да се интензивираат во наредниот период.

Воедно, градоначалникот изрази благодарност до директорот Илија Стоилев за континуираната поддршка на земјоделците во општината, како и за навремената исплата на субвенции, што е од особено значење за локалната економија.