Ликот на градот континуирано се одржува, особено на локациите каде се одвиваат најзначајните настани и каде секојдневно минуваат голем број граѓани и туристи. Во таа насока, денеска, во соработка со ЈПКД „Комуналец“ и ЈП „Паркиралишта“, беше извршена замена на старите и дотраени знамиња на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Новопоставените знамиња го симболизираат стремежот на Струмица кон европските вредности и европска Македонија, при што плоштадот доби уреден и современ изглед.
Во пресрет на утрешното одбележување на 154 години од раѓањето на македонскиот револуционерен великан Гоце Делчев, беше организирано и генерално чистење на неговиот споменик на градскиот плоштад.
Од надлежните истакнуваат дека сè што се поставува во јавниот простор треба не само да краси, туку и редовно да се одржува, со цел градот секогаш да изгледа достоинствено и пријатно за сите граѓани и посетители.
























